Велес/Струга, 8. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти јануари 2024 година, на подрачјето на Велес, полициски службеници при извршена проверка на 49-годишно лице од Република Албанија, утврдиле дека има остварено нелегален влез и нерегулиран престој во државата.
– По насока на Основен суд Велес, изготвено е решение за протерување на странец и забрана за влез во државата, по што е извршен спровод до Полициска станица за граничен премин „Ќафасан“, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 33