Пескара, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот напаѓач, Алберто Џилардино е нов фудбалер на калчолигашот Пескара, потврди клубот.
Џилардино ќе настапува во овој тим до крајот на сезоната, а од управата на Пескара се надеваат дека неговото доаѓање ќе биде од големо значење во битката за опстанок во Серија А.
Тој последно играше за екипата на Емполи, каде настапи на 16 меча и постигна само еден гол. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20