News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 2, 2024

Охрид, 2. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Десетгодишниот Александар Маленко е нова ѕвезда во македонскиот пливачки спорт. Во „лулката“ на пливањето во нашата Република, градот Охрид, каде што живее и учи овој ретко талентиран пливач, интензивно тренира веќе две години и во конкуренција на пионери до 11 години (категорија на постари пливачи од него) ги држи републичките рекорди во одум дисциплини: 50, 100, 200, 400 и 1.500 метри слободно, како и во 200 метри градно и 100 и 200 метри грбно.

Вака започнува новинскиот напис, кој датира некаде на почетокот на 90-тите години, каде во сегментот „Ликови на млади спортисти“ е објавена статија за нашиот познат пливач Александар Маленко.

– Најсреќен сум кога сум во базенот. Напорните тренинзи за мене се вистинско задоволство, а да не зборувам за натпреварувањата. Секоја трка за мене е нов предизвик и досега успевав речиси постојано да го подобрувам времето, вели Александар.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

За неговиот неоспоред талент зборува и неговиот тренер Александар Леко Радич, кој потенцира дека за многу кратко време тој ги подобрува резултатите и дека за него ќе слушаме уште долго.

– Долги години сум во пливањето и досега не сум сретнал ваков талент, вели Радич за Александар.

Во написот стои дека Александар Маленко тогаш учи во петто одделение во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид и дека важел за примерен и вреден ученик.

Александар Маленко е роден на 20-ти јануари 1979 година во Охрид. Се натпреваруваше за Република Македонија на Летните олимписки игри во 1996 и 2004 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука