Скопје, 1. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски, е именуван за нов претседател на Комисијата за заразни болести.„Фокус“
од извори во комисијата, јави дека д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје пак е поставен за нов портпарол на Комисијата. Претседател на Комисијата претходно беше доктор Жарко Караџовски.
За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот. (Крај)
извор: Фокус фото: Фокус
Прочитано: 35