Њујорк, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Темно обоените алкохолни пијалоци, за нијанса се покорисни, отколку безбојните и оние со бледа боја.
Темното вино, како црното и црвеното, содржат далеку помалку шеќери отколку розе и белото вино. И темните пива организмот подобро ги поднесува отколку светлите. Истото е и со жестоките пијалоци.
Според нови истражувања на американските лекари, алкохолот влијае и на мозокот. Првиот чекор е тоа дека додека пиеме една чаша алкохол, веќе размислуваме за втора, па и трета, со цел да не сме подолу од оние во друштвото. Така, мозокот праќа инструкции дека треба побрзо да се пие, за да има време и за следната тура.
Научниците направиле илустрации колку брзо и драматично алкохолот влијае на мозокот. Мозокот е сложен лавиринт од врски што ги држи нашите физички и психолошки процеси правилно. Нарушување на било која од овие конекции може да влијае на тоа како мозокот работи. Алкохолот, исто така, може да има подолготрајни последици врз мозокот за менување на начинот на кој работи и резултира со голем број на проблеми. (Крај)
извор: nih фото: архива