Кабул, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Тројца американски војници се убиени во напад на територијата на аеродромот на Кабул.
Според прелиминарните податоци, американските војници се убиени од авганистански војник. Започната е истрага за инцидентот.
Претходно авганистанските власти соопштија дека 16 лица загинале во два напади на екстремисти во провинцијата Лахман. При првиот напад загинале четири лица. За време на нивниот погреб, како резултат на напад на бомбаш-самоубиец загинале уште12 лица. (Крај)
извор: ОхридПрес/ББС фото: архива
Прочитано: 41