Охрид, 21. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
На сила е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин „Стража“ и на Маврово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Известување:
„Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш-Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19-ти декември 2024 година до завршување на градежните работи.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива