АМСМ: Намалена видливост поради магла до 100 метри на „Ѓавато“ и до 50 метри на преминот „Буково“
јануари 5, 2025

Охрид, 5. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Поради појава на магла намалена е видливоста од 80 до 100 метри на планинскиот превој „Ѓавато“ и до 50 метри на планинскиот превој „Буково“.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ/ЦУК фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука