АМСМ: Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила на превоите Стража, Ѓавато и Маврово
декември 1, 2024

Охрид, 1. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија Пат, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Поради врнежи од снег забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово.

На 1. декември 2024 година вo 07:50 часот магистралниот пат А2 Охрид-Кичево, односно планинскиот превој Пресека и обратно, сообраќајот за тешки товарни возила e нормализиран.

На патниот правец Тетово-Попова Шапка е зaдолжително користење на зимска опрема (ланци).

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука