Охрид, 19. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради појава на магла до 50 метри, намалена видливост има на патните правци Ресен-Битола и Струга-Охрид, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
– Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. Постои намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри и на патните правци Скопје-Катланово и до 100 метри на патниот правец Македонски Брод-Кичево. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18