Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин „Плетвар“ и на патот Делчево – граничен премин Делчево, а на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, сообраќајот е нормализиран, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Активни се забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци: Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Струмица-Берово, Тетово – Попова шапка (за патнички возила задолжителна е употреба на зимска опрема), Струга-граничен премин „Ќафасан“, како и на планинските премини „Пресека“ и „Ѓавато“.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)
извор: АМСМ фото: ОхридПрес