Скопје/Охрид, 21. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија.
Од 08:30 часот се укинати забраните за движење на тешки товарни возила на планинските премини „Стража“, „Ѓавато“ и „Плетвар“. Од 09:30 часот укинати се забраните на магистралниот пат А2 Струга-ГП „Ќафасан“ и на патниот правец Струмица-Берово. Остануваат на сила на патниот правец село Рогачево до ГП „Јажинце“. На патниот правец Тетово-Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).
Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива