Скопје/Охрид, 20. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија.
На сила се активни забрани за движење на тешки товарни возила на: планински премин „Плетвар“, патниот правец А1 Демир Капија-Миравци, Битола-Ресен (планински премин „Ѓавато“), патен правец Тетово-Попова Шапка (товарни моторни возилаВ и автобуси), патен правец А2 Струга-граничен премин „Ќафасан“, Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар), село Рогачево до граничен премин „Јажинце“, а за останатите правци е задолжителна зимска опрема. На патниот правец Р1302 Струмица-Берово за патнички возила е задолжителна употреба на зимска опрема.
Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива