Охрид, 2. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ангела Маслова е родена во Бароу, Алјаска. Пред повеќе од 40 години нејзините родители во потрага по подобар живот, се преселиле во ова мало место кое уште и е наречено „врвот на светот“ бидејќи е најсеверната точка во Северна Америка.
На многу мала возраст се враќаат во Македонија каде таа живее до 11 годишна возраст, го стекнува македонскиот менталитет и се вљубува во земјата, јави порталот crnobelo.com.
Секоја година одморот го поминувале во охридското село Волино, домот на нејзините родители.
Основно и средно образование завршува во Бароу, Алјаска, а потоа дипломирала на Indiana University Northwest Nursing Program. Судбината ја врзува за Охриѓанец и по венчавката во Охрид, заедно со сопругот се враќаат на Алјаска, каде Ангела работи како регистрирана сестра во болницата Samuel Simmonds Memorial Hospital.
Таа вели дека и било јасно дека животот ќе ѝ се одвива на релација Алјаска-Македонија, но сепак сакала стекнатото знаење да го вложи за помагање на луѓето и на заедницата во која пораснала. „Во Бароу сите жители се многу блиски меѓу себе“.
Комплетната информација на порталот Црно Бело ОВДЕ. (Крај)
извор: Црно Бело фото: Црно Бело