Скопје/Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 29 пожари на отворено имаше во текот на денешниот ден на територија на цела држава, од кои 21 се изгаснати, два се ставени под контрола. Шест пожари се’ уште се активни, изјави синоќа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Тој соопшти дека има пожар во Општина Охрид, кој се движи кон Ресен, поточно од врвот „Магаро“ кон Стење. Во гаснењето на пожарот се вклучиле 12 вработени на НП „Галичица“ и четворица локални пожарникари. Ако има потреба, посочи тој, пожарот денеска ќе се гасне од воздух.
Ангелов истакна дека пожарот на Илинска планина е ставен под контрола. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 129