Скопје/Охрид, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 37 пожари на отворен простор, од кои 29 се изгаснати, три се ставени под контрола, а пет се сѐ уште активни, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
– Во регионот на Охрид, ставен е под контрола пожарот на планината Галичица, кај местото викано „Зли Дол“, на територија на Општина Охрид, каде тлеат трупци од претходниот пожар. Пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот, додава Ангелов. (Крај)
извор: ЦУК фото: архива
Прочитано: 54