Охрид, 17. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Извршниот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на предлог на претседателот Сергеј Попов го избра Ангел Велкоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Охрид.
– Голема е честа, а уште поголема одговорноста да продолжиме да го градиме и да го развиваме најбројниот и најсилниот политички подмладок во Република Македонија. Од младите започнуваат промените, тие се изворот на добри и успешни политики, нашата сила е спој на знаењето, одлучноста и енергијата. Како УМС ОК Охрид остануваме најцврста гаранција за младите и младинските политики во Охрид. Уште во нашата кампања за локалните избори се обврзавме дека Охрид има да е град во кој младите ја гледаат својата иднина тука. Светла иднина за подобро утре на сите млади. Целта која ја зацртавме е локалните проекти да бидат насочени кон подобрување на животниот стандард на секој еден млад човек во Охрид. Промените се остварија, проектите започнаа, победите се надоврзуваат, порача Велкоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива