Москва, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот кошаркар Андреј Кириленко не е повеќе играч на Филаделфија 76 и наскоро би можел да се врати во својата родна земја засилувајќи ја ЦСКА Москва до крајот на сезоната, со опција за продолжување на фоговорот и за подолг период.
Управата на евролигашот внимателно ја следи ситуацијата со Кириленко и сака да го искористи рокот за да го ангажира и да го пријави за финишот од сезоната во Евролигата.
Кириленко беше суспендиран од страна на екиопата на Филаделфија и дефинитивно го раскина договорот, па сега е слободен агент и може да ја избира својата наредна дестинација. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22