Струга, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По издавањето на спотот за новата песна на Анита Мицова „Снег“, струшката музичарка најавува дека наскоро нејзините обожаватели ќе можат да уживаат во песните кои ќе ги содржи нејзиниот деби албум, кој носи наслов „Ти сум јас“.
Официјалниот спот за новата песна „Снег“ беше објавен деновиве. За доловување на атмосферата беше искористен снегот, кој ја покри територијата на целата држава.
Автори на темата се Кирил Бабамов и Весна Малинова – Бабамова. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38