Охрид, 15. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен досег од 8,96% и неделен од 14,93%, Супер радио и во третиот квартал од 2019 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните локални радио станици во Република Македонија.
Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност во третиот квартал од 2019 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.
Супер радио во пресрет на 27. роденден останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).
Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес