Охрид, 14. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен досег од 10,8% (во пораст од 4,5%) и неделен од 21,5% (во пораст од 4,3%), Супер радио и во четвртиот квартал на 2021 година останува водечки медиум во својот регион и еден од најпопуларните во Република Македонија.
Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални радио и Тв станици во вкупната слушаност и гледаност во четвртиот квартал на 2021 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на Република Македонија.
Супер радио годинава влегува во 30. година од постоењето и останува водечки медиум во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).
Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес