јули 14, 2017

Охрид, 14. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен досег од 7,35% и неделен од 13,24% или раст од над 4% во однос на изминатото мерење кај слушателите, Супер радио и во периодот мај-јуни 2017 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станци во вкупната гледаност во периодот мај-јуни 2017 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

dnevendosgmajjuniСупер радио беше на врвот во регионот и според мерењата од јануари до април оваа година, како и во Годишниот извештај за 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На прагот на 25-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ). Во склоп на групацијата работат и информативните портали OhridPress и Inpress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука