Охрид, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Антикорупциската комисија ќе проверува дали физички и правни лица на диво ги узурпираат плажите по должина на охридското и струшкото крајбрежје, дознава „А1он“.
Тие бараат од Општина Охрид и Струга да им ја достават целокупната документација за јавното наддавање при доделување на концесиите. Сомневањатасе дека компании и поединци узурпираат плажи без да плаќаат давачки кон општината.
Предметот е отворен по сопствена иницијатива, по претходни реакции дека на црно се стопанисува со плажите. Двете општини ќе треба до антикорупционерите да ги достават и активните но и завршните договори за концесии.
Тие ќе проверуваат и дали инспекциите на двете општини реагирале на узурпацијата. Цело лето на двете страни од крајбрежјето се наплаќа и паркинг и лежалки. На ваков начин се оштетуваат и општините и граѓаните.
Комплетната вест ОВДЕ. (Крај)
извор: А1Он фото: архива