Манчестер , 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Англиските и шпанските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед е подготвен во летниот период повторно да го сруши трансфер рекордот.
Според тие извори, Јунајтед ги започнал преговорите со Атлетико Мадрид околу трансферот на Антоан Гризман и бил подготвен да ја плати клаузулата од 100 милиони евра.
Французинот изјави дека е среќен во Атлетико и дека нема да го напушти клубот додека тренер е Диего Симеоне, но медиумите повикувајќи се на советникот на Гризман, Ерик Олхатс, пренесоа дека Манчестер Јунајтед веќе ги започнал преговорите со Атлетико. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22