февруари 16, 2017

Мадрид, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најдобрите играчи и стрелци на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, признал дека размислува за заминување од „Висенте Калдерон“ по завршувањето на сезоната.

Антоан Гризман кој важи за еден од најдобрите светски напаѓачи, медиумите го поврзуваат со трансфер во Манчестер Јунајтед, но самиот изјавил дека не е сигурен дали би успеал да се адаптира на животот во Англија.

25-годишниот француски ас од 2014 година е член на „јорганџиите“, одигра 96 натпревари во кои постигна 53 гола, а во Мадрид пристигна од Реал Сосиедад каде ја започна својата професионална фудбалска кариера. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука