Мадрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на медиумите во Шпанија ,Антоан Гризман и следната сезона ќе го носи дресот на „јорганџиите“ откако тренерот Диего Симеоне успеал да го убеди французинот да остане во клубот.
Иако медиумите во неколку наврати го селат Гризман во Манчестер Јунајтед, Симеоне го убедил и следната сезона да ги брани нивните бои откако и тој самиот одлучил да остане на „Висенте Калдерон“ уште една година.
Се шпекулираше дека „ѓаволите“ се подготвени да платат 100 милиони евра за Гризман, нудејќи му да заработува исто како и неговиот сонародник, Пол Погба. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25