Џенова, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Богатите кинески клубови се повеќе пазарат од Европа, а следен фудбалер што би можел да замине на печалба на далечниот исток е напаѓачот на Сампдорија, Антонио Касано.
Тој во моментов поминува низ тежок период во својата кариера, па може да се случи сериозно да ги разгледа двете понуди кои пристигнале од кинеските клубови, Гвангжу и Шандонг.
Италијанските медиуми јавуваат дека станува збор за годишна плата од 8 милиони евра, а и најверојатно Касано ќе се одлучи на соработка со Шандонг, каде игра Грацијано Пеле. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17