Лондон, 09. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Челзи е се поблиску до нова шампионска титула во Премиер лигата, а менаџерот Антонио Конте веќе размислува и за ангажман на нови засилувања во летниот преоден рок.
Медиумите во Англија го најавуваат Алваро Мората како засилување на напаѓачката позиција, но Конте планира да го врати Белгиецот Ромелу Лукаку на „Стемфорд бриџ“.
Втора трансфер цел е на Челзи е Жоао Кансело, десниот бек на Валенсија кој треба да го пополни испразнетото место, по заминувањето на Бранислав Ивановиќ во Зенит. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19