октомври 3, 2017

Милано, 3. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Карло Анчелоти пред пет дена доби отказ од челниците на минхенски Баерн веројатно до крајот на сезоната нема да биде тренер во ниту еден клуб, иако неговото име се поврзува со неколку екипи, најмногу со Милан.

Според шпекулациите единствена екипа која Анчелоти би сакал да ја преземе оваа сезона е Арсенал, но извесно е дека клубот од северен Лондон нема да го отпушти тренерот кој ги предводи „топџиите“ од 1996 година.

Италијанските медиуми објавија дека Анчелоти не е заинтересиран за враќање во Италија, најмалку до 2020 година. Тој во Премиер лигата беше менаџер на Челси и успеа да ја освои титулата во својата прва сезона.

Од 1999 година Анчелоти бил тренер само на великани на еропскиот првак: Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал и Баерн. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука