Мадрид, 15. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти изјави дека не е премногу загрижен од фактот што ѕвездата на тимот Кристијано Роналдо не постигнал гол веќе три натпревари.
Навивачите на домашниот тим го исвиркаа Роналдо по лошо изведениот слободен удар, очигледно и понатаму лути поради неговата голема роденденска забава по „катастрофата“ против Атлетико (4:0).
– Кристијано не се запиша на листата на стрелците, но постојано беше опасност за голот на противникот. Имаше и асистенција на овој натпревар, кој воопшто не беше лесен. Имавме комплицирана недела, но победивме, изјави Анчелоти.
Реал славеше против Депортиво од Ла Коруња со головите на Иско и Бензема, а Португалецот, кој во првите 17. кола на Ла Лига постигна неверојатни 28 гола, асистираше за голот на Французинот. Роналдо нема постигнато гол од 18-ти јануари и натпреварот со Хетафе. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива