Скопје, 26. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на струшки дијалект му го честиташе изборот на новиот спикер на Собранието на Република Македонија Јован Митрески.
– Друже, Јовче. Златна рипка да фатеше во езероно, немаше да ти текнит дека некоаш во животот че беше спикер на парламентот. Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат, му порача Апасиев кој прочита писмо од сограѓаните на Митрески.
– Ко че се вратиш в Струга со празно CV, а полни џебој, рипката не му ја давај на шерифон Мерко од ДУИ зш е на црна листа во Америка. Пушти ја во езероно нек ја фатит Вмроецон Пецак од Охрид, него че му требит зш многу местит тендери. То е брат, шибај и све нај нај, ич да не ти чует, му порача преку пораката Апасиев на Митрески. (Крај)
извор: Точка.мк фото: архива