јануари 17, 2018

Скопје, 17. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на пратеникот од Вевлани Крсто Мукоски и одлучи да го прифати првостепеното решение на Основниот суд Скопје 1 со кое му беше определена мерка притвор.

Според одлуката на второстепениот суд, Мукоски останува во Истражниот затвор во Шутка. За жалбите на Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Борис Дамовски сè уште нема одлука.

До сега Апелацискиот суд не прифати ниту една жалба која беше поднесена од осомничените за минатогодишните настани од 27-ми април, а со која тие бараа да им се укине мерката притвор и да им биде определена поблага мерка за обезбедување на присуство. За сите осомничени беа потврдени првостепените решенија донесени од Основниот суд Скопје 1.

Не беше прифатено ниту барањето на Вишото јавно обвинителство Скопје на актерот Владо Јовановски да му биде определена мерка куќен притвор. И за него Апелацискиот суд Скопје донесе одлука да му биде продолжен притворот. (Крај)

извор: мкд.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука