Охрид, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Билјана Јанеска, која боледува од малиген меланом има потреба од помош од сите добронамерни луѓе кои имаат можност да и помогнат.
Таа се оперирала во странство, но сега и` се потребни средства за ново лекување, кои Јанеска, како мајка на две деца, не може сама да си ги дозволи.
Може да се донира на телефонските броеви од мобилните оператори:
075 143-650 – ONE
077 143-404 – VIP
Средства можат да се уплаѓаат и на сметка:
210501682246023 НЛБ ТУТУНСКА БАНКА – девизна и
200001840023159 Стопанска банка – денарска.
Во меѓувреме во акцијата се вклучуваат се повеќе охридски фирми.
– Имам огромно чувство и должност да помогнам, ова е мојот начин… Бидете хумани, во сабота на седми март, во просториите на Makeup by Marga добивате услуга шминка. а собраните средства ќе бидат донирани за помош на нашата сограѓанка Билјана Јанеска, велат од студиото Makeup by Marga кое се наоѓа во зградата наспроти охридската Пожарна. (Крај)
извор: Donacii фото: архива