февруари 22, 2015

Охрид, 22. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Александар Карафиловски, студент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје изработи Андроид апликација преку кој може да се слушаат голем дел од најпопуларните македонски радио станици.

– За мојата дипломска работа изработувам мобилна апликација која ќе врши online пренос на сите македонски радија. Секој корисник на апликацијата на лесен начин и во секое време ќе може да ја следи нивната програма, вели Александар.

Меѓу нив секако е и Супер радио од Охрид, најдобрата локална радио станица во Република Македонија, Сите заинтересирани апликацијата можат да ја симнат ОВДЕ. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука