Скопје/Охрид, 11. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија е на петтото место во светот по раст на туристи за 2021 година, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
– Одлични резултати за македонскиот туризам, според најновите статистики на Светската туристичка организација (UNWTO), Република Македонија за 2021 година забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139%. Со ова земјава е на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина, потенцираат од АППТ.
Додаваат дека очекувањата и оваа година се оптимистички, целта е 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи за 20% до 30%.
– Заздравувањето на секторот туризам се одвива полека но сигурно, со фокус и акцент на одржливите форми на туризам, информираат од АППТ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес