Лондон, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Лондонскиот клуб Арсенал соопшти дека француските фудбалери Оливие Жиру, Лоран Кошчелни и Френсис Кокелан потпишале нови договори со клубот.
Арсен Венгер решил на сонародниците да им понуди нови, финансиски подобри договори, но од клубот не објавиле за колку години овие тројца играчи ја продолжиле верноста кон Арсенал.
По решавање на судбината на сонародниците,Венгер сега ќе се насочи кон продолжување на договорите со двајцата најдобри фудбалери во тимот Алексис Санчез и Месут Езил. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14