Лондон, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Арсен Венгер е суспендиран на четири натпревари и заработи парична казна од 25.000 фунти поради инцидентот кој го предизвика на мечот со Барнли, одлучи Фудбалската асоцијација на Англија.
ФА го казни францускиот тренер поради „недолично однесување“, бидејќи при крајот на мечот со Барнли кога судијата досуди пенал за гостите, тој влезе во расправија со четвртиот судија, а откако беше исклучен Венгер пред тунелот го оттурна помошниот судија.
Французинот нема да може да го води својот тим на натпреварите со Саутемптон во ФА купот, и против Вотфорд, Челзи и Хал во Премиерлигата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22