јули 11, 2017

Охрид, 11. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Голема е возбудата, но и обврската да се реализира годинашното издание на „Охридско лето“, кое ја носи тежината на 56 успешни години, истакна директорот на фестивалот Оливер Арсовски, во предвечерието на свеченото отворање на 57-то издание на „Охридско лето“.

Тој истакна дека целиот тим ќе работи во насока фестивалот од 12-ти јули до 20-ти август да биде духовно пристаниште, кое низ уметноста ќе ги обединува луѓето и народите, нивното наследство, но и нивната иднина.

– Од ова издание одиме со нов дизајн, лого и нов правец во уметноста. Исто така како новина се џез вечерите на 19-ти ,21-ви ,22-ри  и 23-ти  јули. Во програмата имаме 33 врвни концерти, 9 театарски претстави, филм за охридскиот бисер, изложба на Драган Спасески Охридски…. една целокупна програма која изобилува со врвна уметност и атрактивни нови содржини, рече Арсовски.

Од фестивалот се убедени дека со секој настан на ова 57-мо издание ќе се потврдува големината на манифестацијата, која по традиција нуди врвна и незаборавна уметничка програма. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес  

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука