Струга, 16. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти август 2023 година, во 17:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во двор од куќа во струшкото село Вишни била пронајдена граната.
– Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за артилериска граната од Првата или Втората светска војна, калибар 75 милиметри. По преземени мерки, гранатата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 49