февруари 13, 2015

Корча/Охрид, 13, февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Писателот, поет и професор од Корча, Република Албанија, Арјан Калчо како што вели и во еден стих од негова песна, дека „пријателствата се мостови, кои се градат“, открива дека вообичаено од Охрид, неминовно добива инспирација за да напише песна.

– Охрид е убаво место. Мило ми е што имам можност да го посетам. Во текот на моите средби овде во Охрид, напишав повеќе песни за градот. Соработката на било кој начин со различни автори од различни места, е доказ дека уметниците шират љубов, ги сакаат луѓето, вели Калчо.

arijnkalco2

Калчо изминатите денови го посети Охрид и Македонија, а во просториите на КИЦ „Култура 365“ во Охрид, беше дел од меѓународна поетска средба. Меѓу другото оствари работна средба со автори од Охрид, од кои со дел се познавал од порано, а дел ги запознал од скоро, како Мишо Јузмески, Тоде Илиевски, Петко Шипинкаровски, Лидија Размоска, Веле Митаноски.

– Со некои од охридските поети се знам од порано, а сега запознавам и нови. Пред година-две со неколку охридски писатели и поети се сретнавме на една поголема организирана литературна средба во Корча, која беше посветена на македонско-албански писател. Имавме тогаш многу убава можност за разговор, споделување на мислења за литературата, додава Калчо.

arijankalco3

Калчо е професор по италијански јазик во неговиот роден град. Тој е голем вљубеник во литературата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука