Дамаск, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека воздушните напади на коалиционите сили не можат да ги поразат екстремистите на исламска држава во Сирија.
Во интервју за Би Би Си, Асад ги негираше наводите дека Дамаск се приклучил на меѓународната коалиција против тоа.
– Не, дефинитивно не можеме и не сакаме да бидеме во сојуз со земјите кои го поддржуваат тероризмот, рече Асад.
Во исто време Асад потврди дека сириската влада добива некои општи информации за активностите на меѓународната коалиција на нејзината територија во борбата против тероризмот.
Асад негираше дека сириските владини сили неселективно фрлале импровизирани бомби. (Крај)
извор: ОхридПрес/ББЦ фото: архива
Прочитано: 25