Бирминген, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Астон Вила му врачи отказ на менаџерот Пол Ламберт и е во потрага по неговиот наследник, пишуваат англиските медиуми.
Ламберт пред неколку месеци потпиша нов 4-годишен договор со клубот, но потоа клубот западна во резултатска криза и на 21 натпревар успеа да постигна само 2 победи.
На претстојниот меч во куп натпреварувањето против Лестер, тимот ќе го предводат досегашните помошници на менаџерот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19