Мадрид, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Британските медиуми објавија дека екипата на Атлетико Мадрид започнала преговори со францускиот репрезентативец Антоан Гризман за нов договор.
Жозе Мурињо веќе неколку пати изјави дека доведувањето на Гризман му е приоритет во претстојниот летен преоден рок. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 100 милиони евра и во Атлетико се свесни дека тоа нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед.
Управата на „јорганџиите“ е подготвена на Гризман да му понуди нов договор според кој сегашната годишна плата од седум милиони евра би му пораснала на десет. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 29