август 10, 2019

Скопје/Охрид, 10. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарите на АК „Охрид“ подготвени за денешните и утрешните натпреавари во рамки на 8-то Европско првенство во атлетика, трета лига, во екипна конкуренција што се одржува во Скопје.

Јован Стојоски, Марија Јовановска, Блаже Љушев и Стефан Стефаноски, кои обезбедија место во македонскиот национален тим, претпладне одржаа и тренинзи, а натпреварите им започнуваат попладнево. Велат дека се во одлична форма, а се надеваат дека ќе се вратат и со медали.

Стојоски ќе настапи на пет спринтерски дисциплини (100,200,400, 4 x 100 и 4 x 400 метри), Јовановска (100, 4 x 100 и 4 x 400 метри), Љушев во дисциплините 110/100 со пречки, скок во далечина и 4 x 100 метри, додека Стефановски во дисциплината фрлање диск.

На првенството учествуваат вкупно 337 атлетичари (179 мажи и 158 жени) од 14 земји: Македонија, Албанија, Андора, Азербејџан, Ерменија, БиХ, Гибралтар, Сан Марино, Исланд, Косово, Лихтенштајн, Молдавија, Црна Гора и од Србија.

Македонија ја претставуваат вкупно 26 атлетичар(к)и во повеќе дисциплини. Сите натпревари се одржуваат на националната арена „Тодор Проески“, а преку livestream може да ги гледате ОВДЕ.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/АФМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука