февруари 7, 2017

Монако, 07. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната атлетска федерација реши руските атлетичари да го пропуштат и Светското првенство во Лондон откако  ја продолжи суспензијата поради допинг скандалите.

Руските спортисти од сите меѓународни натпреварувања се суспендирани во ноември 2015 година, како резултат на извештајот на Светската анти-допинг агенција за системски допинг.

Првиот човек на ИААФ, Себастијан Коу, соопштил дека суспензијата нема да биде укината пред ноември 2017 година. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука