Јавле/Охрид, 12. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски обезбеди полуфинале на трката од 400 метри на Европското атлетско првенство за млади сениори што се одржува во Јавле, Шведска.
На вчерашните квалификации заврши како третоплсиран и попладнево ќе се обиде да влезе во финалето.
Вечерва од 19:40 часот пак ќе трча во квалификациската трка на 200 метри.
Амбициозниот атлетичар е единствен македонски претставник кој обезбеди норма и учество на Европското атлетско првенство до 23 години.
Изминатиот период спринтерот Стојоски постигна повеќе лични, но и национални рекорди на Македонија. Годинава собори 12 лични рекорди, а македонскиот рекорд на 200 метри го соборуваше три пати, последно во Сараево на крајот на јуни со време 21,32 секунди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива