Охрид/Сараево, 3. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат успесите и одличните резултати на атлетичарот на АК „Охрид“, Јован Стојоски.
Тој во Сараево учествуваше на првенство на Босна и Херцеговина за млади јуниори. Стојоски патеката од 200 метри ја истрча за време од 21,32 секунди, со што постави нов државен рекорд во оваа дисциплина.
Покарј тоа, Јован беше и најбрз во трката на 100 метри, постигнувајќи време од 10,84 секунди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Јован Стојоски
Прочитано: 21