Дубаи, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер лесно ја завршија задачата на вчерашните четвртфинални мечеви во Дубаи, стигнувајќи до полуфиналето од овој турнир.
Ѓоковиќ без проблеми го победи најдобриот турски тенисер Марсел Илхан, совладувајќи го со 6-1, 6-1 и одморен ќе го дочека денешното полуфинале против Томаш Бердих.
Федерер лесно го доби првиот сет против Гаске со 6-1, но неговиот противник го предаде мечот пред да започне вториот сет.
Федерер денеска ќе игра против хрватскиот тинејџер БорнаЧориќ, кој вчера приреди големо изненадување елиминирајќи го Енди Мареј.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29