март 7, 2017

Индијан Велс, 7. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Организаторите на првиот Мастерс оваа сезона кој ќе биде одржан воИндијан Велс соопштија дека Милош Раониќ се повлече од настап поради повреда.

Канадскиот тенисер се повреди на турнирот во Делреј Бич, на кој без борба го предаде финалето,а поради повреда не учествуваше ниту на турнирот во Акапулко.Минатата година во финалето Милош Раониќ беше поразен од Ѓоковиќ, а претходно во 2014-та година стигна до ¼-финале.

Мастерсот во Индијан Велс започнува во четврток 9 март и ќе трае до 19 март.Наградниот фонд на турнирот изнесува 6,993,450 долари. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука