Мајами, 3. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Роџер Федерер е победник на Мастерс турнирот во Мајами,швајцарецот во финалето го победи Рафаел Надал со 2-0 во сетови за час и половина со 6-3,6-4.
Финалето во Мајами беше 37-ма меѓусебна преметка на двајцата, а Надал води со 23-14 во победи.Швајцарецот со 35 години и седум месеци е највозрасниот тенисер кој ја освоил титулата во Мајами.
Федерер на турнирот во Флорида ја освои својата трета титула, прва по 2006 година, а вкупно 26-та на турнирите од Мастерс серијата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19